Достапни линкови

Хајндл оствари средба со Попоски


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски попладнево оствари средба со амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и германскиот амбасадор во Република Македонија Кристине Алтхаузер.

МНР соопшти дека амбасадорот Хајндл информирал за неговиот мандат и очекувања од ангажманот во Република Македонија.

На средбата биле споделени очекувања дека напорите за надминување на политичката криза во државата остануваат фокусирани на исполнување на реформите со кои ќе се задржи препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ, која Република Македонија прв пат ја доби од Европската комисија во 2009 година.

XS
SM
MD
LG