Достапни линкови

logo-print

ВМРО - ДПМНЕ ќе достави листи на кандидати за изборите на 5 јуни


Извршниот и Централниот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ доцна синоќа заклучија дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и на законите на Република Македонија и членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија (ДИК) да достави листи на кандидати за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни“, изјави директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски.

Тој подвлекува дека Извршниот и Централниот комитет го утврдиле составот на листите и по завршувањее на сите формалности, во законски предвидениот рок, истите ќе бидат предадени во ДИК.

„Извршниот и Централниот комитет на партијата, исто така одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО - ДПМНЕ во процесот на изнаоѓање излез од кризата во која што СДСМ ја втурна Република Македонија“, вели Котевски.

XS
SM
MD
LG