Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со локален краткотраен дожд и со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 22 степена.

XS
SM
MD
LG