Достапни линкови

Цветкоски - Македонија е држава на оправдувачи


Цветкоски - Ние сме земја на оправдувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:16 0:00

Се правда неморалното и лошото под било какви изговори. Се правда неучење на деца со тоа што наставниците и учителите биле вакви или такви. Почнавме да правдаме најелементарни утки кои се прават во институциите. Ние сме држава на оправдување, сите за сè имаме оправдување, за сè што не сме направиле, вели Александар Цветкоски од АГТИС.

„Фасадата држи, темелите тонат“ е новиот проект на невладината организација АГТИС која се обидува да ја истражи вистинската доверба на граѓаните во институциите. Целта на проектот е да се измени општествениот структуиран дефект, опасен синдром кој е вткаен во традиционалните вредности, кој предизвикува урнисување на јавниот морал. Тоа е онаа вредност која ја претвори Македонија во земја на оправдување на неморалното, вели претседателот на невладината Александар Цветкоски.

Започнавте нов проект наречен „Фасадата држи, темелите тонат“ до каде сте во составувањето на сликата за работата на институциите и довербата во нив?

Навистина темелите веќе тонат, фасадата држи, некако сотриста маки. Имаат големи проблеми, од кадровски да се почне со вработените кои имаат многу ниско ниво на знаење, до внатрешната едукација, не се учи законот за општа управна постапка, се учат некои посебни закони, што од една страна доведува до слабеење на услугите кон граѓаните, значи оној принцип на дека треба да биде што пократко, со помалку шетање, по институции, што помалку пари потрошени на граѓаните, се сме подалеку од тоа. Ако се тргне во овие последни 25 години, ние одиме сосема во спротивен правец од оној декларираниот. Тука имаме проблеми со партизација, со исполнување на желби на политичките партии. Во таа гледна точка, не е сјајна сликата и се повеќе и повеќе се влошува, настрана партизацијата која урнисува сè.

Која е целта на проектот?

Ние сакаме да го измериме прво со анкетата тој ОСД ( општествено структуиран дефект). Екстремно опасна појава која го урнисува јавниот морал на сите страни. Тоа е она народно верување дека ако е некој на власт, па мора да краде тоа се подразбира или порано крадеа исто зошто сега да не крадат. Замислете го тоа, замислете како тоа делува на јавниот морал, зошто тогаш политички партии. Политиката мора да има минимум на моралност во своето постапување. Десет години ние плачеме зошто партиите не можат да се договорат околу ни едно прашање, освен за оние прашања како општествен капитал што се прифатени, а тоа е Европска унија и НАТО. Ние немаме ништо трето. За 25 години партиите успеале да се договорат дека за ништо немаат договор. Замислете дури и договорот од 2001 кој е еден високо општествен договор и тој се проблематизира, и тој денеска служи за препукување на политичките партии. А некој да ги праша што го потпишувавте тогаш? Ќе ви речат дека да не имало војна да не било полошо,и тоа кај граѓаните функционира, ете тоа е ОСД. Опасен е заради тоа што е традициски вткаен во нашата свест да се правда неморалното и лошото под било какви изговори.

Колку во овој период е актуелен тој синдром и како го злоупотребуваат политичарите?

Да, да, мошне. Еве од говорница ви се јавуваат и ви велат - Што правевте во ваше време. И ако гледате историски, да, точно е, се правело и порано, се прави и сега. Но одиме ли ние кон подобро, или ние треба да стоиме на исто место. Зошто постојат изборите? ОСД е многу влезен кај народот. Многу и во секојдневниот живот. Се правда неучење на деца со тоа што наставниците и учителите биле вакви или такви. Почнавме да правдаме најелементарни утки кои се прават во институциите. Ние сме држава на оправдување, сите за сè имаме оправдување, за сè што не сме направиле.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG