Достапни линкови

Белгија го екстрадираше Абдеслам во Франција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Салах Абдеслам – човекот кој е осомничен дека ја имал главната улога во ноемвриските терористички напади во Париз во кои загинаа 130 луѓе, е екстрадиран во Франција од страна на Белгија.

Обвинителите на двете земји потврдија дека екстрадицијата се случила утрово на 27 април. 26 – годишниот Абдеслам беше најбараниот човек во Европа, додека не беше фатен во Брисел на 18 март, по четри месеци потера.

Абдеслам денеска треба да се појави пред францускиот суд. Истражителите рекоа дека Абдеслам им кажал дека тој организирал логистика за неомвриските терористички напади и дека планирал да се разнесе на стадионот во Пазриз, но се повлекол во последна минута.

XS
SM
MD
LG