Достапни линкови

Мигрантите во потрага по нови илегални рути


По неколку неделната затвореност на македонско грчката граница мигрантите и бегалците бараат нови, илегални рути за да влезат во Македонија. Новинската агенција Ројтерс јавува дека група од 70 луѓе преминале во Македонија од Грција каде што нема ограда меѓу двете земји, криејќи се од полицијата. Според некои наводи, криумчарите за тоа им барале од 350 до 600 долари по човек. „Нема друго решение“, вели Мутаз, Сириец од Алепо кој неколку недели е во провизорниот камп во близина на Идомени. Хуманитарните организации велат дека во кампот во кој има над 10 илјади мигранти и бегалци немало добри услови за престој.

XS
SM
MD
LG