Достапни линкови

Ердоган: ЕУ да ги исполни ветувањата од договорот со Турција


Турција нема да продолжи да го почитува договорот за враќање на илегалните мигранти од Европа доколку ЕУ не ги исполни ветувањата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Според договорот, Анкара треба да ги прифаќа назад мигрантите кои нелегално влегле во Грција преку Егејското Море, при што за секој вратен мигрант, ЕУ ќе прифати по еден сириски бегалец од камповите во Турција. Допонително, Брисел треба да обезбеди и финансиски средства за сместување на бегалците во Турција, визна либерализација за патување на турските државјани во земјите членки на ЕУ и забрзување на преговорите на за членство на Анкара во Унијата.

XS
SM
MD
LG