Достапни линкови

logo-print

Пронајдена масовна гробница во Палмира


Сириските трупи пронашле масовна гробница со 40 тела во историскиот град Палмира, по ослободувањето од контрола која претходно ја имаше воспоставено организацијата Исламската држава. Новинската агенција САНА јавува дека во масовната гробница се пронајдени тела мажи, жени и деца, а дел од телата биле обезглавени. Според извори на Франс прес, 24 тела се на цивили, а дел од нив се веќе идентификувани.

Според податоци на организации за заштита на човековите права, за време на окупацијата од органзиацијата Исламска држава, се убиени најмалку 280 цивили. Сириските трупи поддржни од руски воздушни напади неодамна успееаа да го вратат под своја контрола историскиот град Палмира кој беше 10 месеци под окупација.

XS
SM
MD
LG