Достапни линкови

Руски специјалци во извидувачки операции во Сирија


Висок руски воен функционер изјави дека Русија има единица на специјалните сили во Сирија за извидувачки и „други специјални задачи“.

Командантот на рускиот контингент во Сирија, Александар Дворников, за агенцијата Интерфакс денеска рече дека специјалците помагаат со наведување на воздушните напади.

Претседателот Владимир Путин минатата недела нареди повлекување на дел од руските авиони од Сирија, но рече дека нападите врз Исламската држава и Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда, ќе продолжат.

Оваа изјава доаѓа по информациите дека сириските владини сили и нивните сојузници напредуваат и дошле на еден километар до античкиот град Палмира, кој од мај минатата година е под контрола на Исламската држава.

Аналитичарите велат дека враќањето на контролата врз Палмира ќе биде еден од најголемите успеси на претседателот Башар ал-Асад, откако Русија ја почна воената интервенција во Сирија во септември минатата година, со што го засили сирискиот режим.

XS
SM
MD
LG