Достапни линкови

logo-print

Уапсени 15 сообраќајни полицајци во Белград


Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ соопшти дека се уапсени 15 сообраќајни полицајци во групата од вкупно 46 уапсени лица. Стефановиќ објасни дека лицата се уапсени поради сомнение дека извршиле кривично дело примање и давање мито и додаде дека се уапсени уште неколкумина поради различни кривични дела, главно за злоупотреба на службената должност и проневера на пари. Во големата акција за апсење, како што рече српскиот министер кој е во технички мандат поради тоа што изборите се веќе закажани, уапсени се вкупно 46 лица осомничени за економски криминал и перење на пари. Стефановиќ нагласи дека уапсените се товарат за оштета на буџетот на Србија, Војводина и повеќе општини во Србија за седум милиони евра.

XS
SM
MD
LG