Достапни линкови

Тројца мигранти се удавија во надојдената Сува река


Тројца мигранти од Авганистан рано изутрината околу 3 часот и 30 минути се удавија во надојдената вода на Сува река откако илегално ја минале македонско грчката граница во близина на селото Моин, соопштија од Центарот за управување со кризи. Групата Авганистанци броела 26 членови, од кои останатите се спасени од македонските безбедносни сили што ја контролираат македонско грчката граница. Тие се чувствуваат добро и се сместени во гевгелискиот прифатен центар.

XS
SM
MD
LG