Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов во официјална посета на Египет


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Арапската Република Египет. Иванов во Каиро ќе се сретне со египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал.

Во рамки на официјалната посета утре Иванов ќе учествува на бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Македонија и јакнење на економската соработка со Арапската Република Египет.

Предвидено е претседателот Иванов да ја посети Александриската библиотека.

Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Арапската Република Египет.

XS
SM
MD
LG