Достапни линкови

Турција нема да ги враќа бегалците во зоните на судири


Турција не планира да ги враќа бегалците во зоните на судири, откако со Европската унија постигна договор за мигрантите, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Тој истакна дека не гледа правни препреки за примена на тој договор и додаде дека ЕУ во голема мера ги прифатила условите на Турција во рамки на тој договор, пренесува Танјуг.

Турција во понеделникот се согласи да ги прифати сите нерегуларни мигранти во замена за повеќе финансиски средства, воведување на безвизен режим за патување во Европа за турските граѓани, како и забрзување на преговорите за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG