Достапни линкови

Турскиот весник „Заман“ стана провладин


Најголемиот турски дневен весник „Заман“ во првото издание откако врз него ја презеде државата, објави серија провладини текстови. Насловната страница донесува слика на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а се објавени и текстови за неговата планирана посета на местото каде што се гради мост на Босфор и за неговиот прием по повод Меѓународниот ден на жената. На 4 март полицијата упадна во канцелариите на „Заман“, кој важи за близок на свештеникот Фетула Ѓулен кој живее во САД, инаку најголем политички непријател на Ердоган. Упадот бил во врска со истрагата за сомневањата дека движењето на Ѓулен било поврзано со тероризам. На 5 март дојде до протести поради ваквиот потег на турските власти.

XS
SM
MD
LG