Достапни линкови

logo-print

Владата се задолжи за 2,5 милиони евра помалку од планираното


Владата се задолжи за 5,3 милиони евра кај домашните кредитори, што е за 2,5 милиони евра помалку од планираното. На сите аукции на државни хартии од вредност од почетокот на годинава, владата се задолжуваше најмалку двојно повеќе од планираното. Министерството за финансии утре треба да врати стари долгови од 5,1 милион евра, а в понеделник доспеваат за враќање уште 2,7 милиони евра. За 8 март е закажано ново задолжување, а ден подоцна државата треба да врати 75,8 милиони евра. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов постојано ги предупредува банките да бидат претпазливи кога и позајмуваат пари на владата.

XS
SM
MD
LG