Достапни линкови

Грчките земјоделци ги отстрануваат блокадите


Грчките земјоделци почнаа да ги повлекуваат блокадите од патиштата, откако премиерот Алексис Ципрас им вети дека Владата ќе се обиде да постигне подобар договор со меѓународните кредитори за пензиските реформи. Земјоделците велат дека ако се прифати предлог-закон кој не одговара на нивните барања, повторно ќе протестираат пред Парламентот. Реформите во пензискиот систем се клучен услов за третата спасувачка програма за Грција и една од основните причини за несогласувањата во преговорите со Европска унија и со Меѓународниот монетарен фонд.

XS
SM
MD
LG