Достапни линкови

Критични пречки за договор за останување на Велика Британија во ЕУ


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Европски претставници велат дека разговорите за постигнување договор за останување на Велика Британија во ЕУ што се одржуваат во Брисел денеска наидоа на „критични“ пречки што покажуваат дека е тешко да се постигне консензус. По кусата пауза на вториот ден од Самитот на ЕУ, кој веќе требаше да заврши, делегатите ја одложија средбата што требаше да почне во 16 часот и рекоа дека може да продолжи најрано после вечерата.

Еден претставник на ЕУ за новинската агенција Ројтерс изјавил дека лидерите на земјите членки од ЕУ биле замолени да резервираат хотел и да бидат подготвени Самитот да продолжи и утре.

Британскиот премиер Дејвид Камерон бара реформи во ЕУ, кои ќе им овозможат поголема моќ на одлучување на земјите членки, за да може да работи на останувањето на неговата земја во Унијата на референдумот што треба да се одржи догодина. Европските лидери се надеваат дека ќе постигнат договор што ќе спречи излегување на Велика Британија од Унијата.

Атина, пак, според информациите, се заканува дека ќе блокира каков било европски договор со Лондон, ако државите од ЕУ не се обврзат дека ќе ги остават границите отворени за мигранти, барем до планираниот Самит ЕУ-Турција што треба да се одржи на 6 март.

XS
SM
MD
LG