Достапни линкови

Во САД подготовки за вирусот зика


Американскиот Центар за контрола на заразни заболувања го активира на највисоко ниво процесот за итни операции како подготовка против ширењето на вирусот зика за време на летната сезона. Претходно Белата куќа соопшти дека ќе побара од Конгресот милијарда и 800 милиони долари за борба против овој вирус. Парите главно ќе бидат искористени за контрола на подрачјата каде што се размножуваат комарци, како и за вакцина против инфекцијата. „Добра вест е што таа не е како еболата. Луѓето не умираат од зика. Повеќето не ни знаат дека се заболени“, изјави претседателот Барак Обама. Тој додаде дека се уште не било со сигурност докажано дека ова заболување било поврзано и со раѓањето деца со ненормално мали глави.

XS
SM
MD
LG