Достапни линкови

Лавров - Германија да го реши силувањето на руско девојче


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го стави под прашање германското справување со наводниот сексуален напад врз 13-годишно руско девојче во Берлин. Членовите на руската заедница тврдат дека девојчето било киднапирано и силувано од група мигранти од Блискиот Исток, по што било пуштено.

„Јасно е дека девојчето не исчезнало доброволно 30 часа“, рече вчера Лавров и побара „вистина и правда“ за овој случај.

Портпаролот на германската влада денеска ја предупреди Русија да не го злоупотребува случајот. Полицијата во Берлин претходно соопшти дека нема докази за силување или киднапирање. Јавниот обвинител смета дека девојката имала доброволни сексуално односи и оти еден маж е под истрага за можна сексуална злоупотреба со оглед на тоа што девојката е помлада од 14 години.

Германските власти се под критика дека лошо се справиле со сексуалните напади и грабежи врз жени во Келн за новогодишната ноќ, наводно извршени од бегалци од Блискиот Исток и од Северна Африка.

XS
SM
MD
LG