Достапни линкови

logo-print

Отфрлен предлогот за казнување на хомосексуалците во Русија


Комисијата за уставно законодавство и државотворни прашања на руската Дума денеска го отфрли предлог-законот кој предвидуваше парични казни и апсење на луѓето кои јавно ја изразуваат својата хомосексуалност. Законот, предложен од пратеници од Комунистичката партија, предвидува казна до 5.000 рубљи(околу 65 долари) за јавно изразување на „нетрадиционална сексуална ориентација“. Според предлогот, за такво изразување во образовни или објекти од културата за младите може да се добие до 15 дена затвор. Во 2013 година, Думата донесе контроверзен закон со кој се забранува претставување на геј „пропаганда“ на младите. Хомосексуалноста беше декриминализирана во Русија во 1990 година, но општеството сè уште е во голема мера хомофобично.

XS
SM
MD
LG