Достапни линкови

Ријад: судирот со Иран нема да се одрази врз преговорите за Сирија


Саудиска Арабија ги отфрли страхувањата дека нејзините влошени односи со Иран ќе им наштетат на напорите за ставање крај на конфликтот во Сирија. Претходно сириските опозициски лидери побараа од сите арапски земји да го следат примерот на Саудиска Арабија и да ги прекинат односите со Иран. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, САД и Британија изразија загриженост дека влошувањето на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран ќе доведе до натамошни поделби во Сирија. Иранскиот шиитски режим го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, додека сунитските монарси кои владеат во Саудиска Арабија ги поддржуваат опозициските бунтовници.

XS
SM
MD
LG