Достапни линкови

Нарушување на примирјето во Украина


Украинската војска соопшти дека вчера еден војник и една жена биле убиени во борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти и покрај договореното празнично примирје. Во меѓувреме, ОБСЕ соопшти дека посматрачи на оваа организација се нашле во опасност во градот Мариупол. Според податоците на Обединетите нации, над 9 илјади луѓе, главно цивили, загинале во конфликтот во источна Украина кој почна во април 2014 година по руската анексија на Крим.

XS
SM
MD
LG