Достапни линкови

Британија испратила воени советници во Авганистан


Британија испрати воени советници во јужната авганистанска покраина Хелманд по извештаите дека талибанците го освоиле реонот Сангин. Локалните власти соопштија дека сите патишта кои водат до Хелманд биле под контрола на талибанците.

Според нив, талибанците го опколиле и седиштето на авганистанската полиција во градот, како и владината зграда во Сангин. Медиуми јавија дека биле испратени 30 војници од Британија и 60 од САД со цел да им помогнат на авганистанските сили во одбрана на градот.

XS
SM
MD
LG