Достапни линкови

logo-print

Средба на Кери и Путин за Сирија и Украина


Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги започна разговорите во Москва со рускиот претседател Владимир Путин за конфликтите во Сирија и Украина. Пред средбата тој му рече на Путин дека САД ја ценат сериозноста со која Русија е посветена на прашањата. Според него, разговорите се силен почеток за отворање на можностите за дипломатско решение за Сирија.

Кери претходно пред средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека двете земји се согласиле оти милитантната група Исламска држава е закана за сите и за секоја земја.

XS
SM
MD
LG