Достапни линкови

Фронтекс од наредната недела на македонско-грчката граница


На македонско-грчката граница ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс, одлучи ОБСЕ на денешниот состанок во Белград на кој присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Според постигнатиот договор, војниците на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

Министерот Поповски по состанокот на ОБСЕ изјави дека упатувањето на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите.

Граничниот премин за бегалци во неутралната зона меѓу Грција и Македонија во Идомени вечерва е отворен, и во Македонија се пуштени Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на информации од полицијата, јави дека група мигранти од Иран и Мароко, кои го блокирале преминот во знак на протест што не им се дозволува да го продолжат патувањето, биле „убедени да се тргнат“.

XS
SM
MD
LG