Достапни линкови

Самоубиствен напад во Тунис, убиени 12 стражари


Туниските власти соопштија дека бомбаш самоубиец пред два дена се разнесол во претседателски автобус при загинале 12 стражари. Одговорноста за нападот ја презедоа милитантите на Исламската држава. Се прецизира дека самоубиецот ја активирал бомбата при влегувањето во автобусот кој стражарите требало да ги префрли во претседателската палата. Во Тунис е прогласена вонредна состојба. Во оваа земја во јуни годинава во едно туристичко место милитантите убија 38 туристи.

XS
SM
MD
LG