Достапни линкови

logo-print

Меркел: Германија ќе прави повеќе во борбата против ИД


Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека ќе разгледа како нејзината земја ќе може да стори повеќе за поддршка на борбата против екстремистичката група Исламска држава по терористичките напади во Париз во кои загинаа 130 луѓе. „Должност на Германија е да дејствува брзо. Ние сме посилни од секаков тероризам“, рече таа во Париз откако претседателот на Франција Франсоа Оланд побара од Германија да даде поголема поддршка во борбата против милитантите. Германија претходно соопшти дека ќе упати 650 војници во Мали наместо француските сили. Оланд и Меркел пред состанокот го посетија Плоштадот на Републиката во Париз на кој граѓаните им оддаваат почит на жртвите на терористичките напади од 13 ноември.

XS
SM
MD
LG