Достапни линкови

Русија: суспензијата од меѓународната атлетика е премногу строга


Русија нејзиното суспендирање од меѓународнота атлетика од страна на светското управно тело, го нарече „премногу строго“, но соопшти дека ќе соработуваат во надеж дека брзо ќе се вратат. Шефот на руската атлеткса федерација Вадим Зеличенок е цитиран како вели дека Светската атлетска федерација направила одлука која е многу тешка, но дека ќе сторат се за да ја поправат ситуацијата. Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко рече дека верува оти Русија може да биде вратена во рок од три месеци. Светската атлетска федерација на 13 ноември со големо мнозинство гласаше да ја суспендира Русија од атлетските натпревари поради широко распространето користење на допинг.

XS
SM
MD
LG