Достапни линкови

За МАН извештајот не соодејствува со реалната состојба во медиумите


Слаѓана димишкова, претседател на МАН

Слаѓана димишкова, претседател на МАН

Македонската асоцијација на медиуми соопшти денеска дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е пристрасен, субјективен и едностран, бидејќи не се контактирани новинарите кои се предмет на напади и не соодветствува со реалната состојба во медиумите.

Според соопштението, очигледно е дека се одработува политичка агенда која ја финансираат нивните амбасади за проекти исклучиво во корист на СДСМ и нивните медиумски експоненти, притоа покажувајќи со прст во сите останати и државните институции како лошите момци. Од ЕК, како што наведуваат од МАН воопшто не се погрижиле извештајот да биде целосен, туку, темелен е само на информации добиени од СДСМ и активисти на фондацијата Сорос и во извештајот не се спомнува ниедна форма на притисок ниту жртва од страна на СДСМ.

XS
SM
MD
LG