Достапни линкови

logo-print

Орав-Клучни Договорот од Пржино и реформите


Евроамбасадорот Аиво Орав

Евроамбасадорот Аиво Орав

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави дека условената препорака за Македонија значи дека Европската комисија повторно ќе се наврати на отворањето преговори со земјата по изборите во април наредната година. Според него, Комисијата препорачала да започнат преговорите, но тоа е условено од натамошната имплементација на Договорот од јуни и јули и значителен напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети.

Клучни прашања за земјата, како што наведе Орав се целосна имплементација на политичкиот договор и итните реформски приоритети, борбата против корупција, деполитизација на судскиот систем, справување со уназадувањето на полето на слобода на изразување и да се заврши ревизијата на Рамковниот договор.

Орав извештајот попладнево ќе им го врачи на одделни средби на шефот на државата Ѓорге Иванов, на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и на премиерот Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG