Достапни линкови

logo-print

Седум убиени во бомбашки напад во Пакистан


Седум луѓе се убиени и девет се повредени во самоубиствен бомбашки напад во централен Пакистан. Локалната полиција соопшти дека бомбашот ја целел изборната канцеларија на пратеник на владеачката партија. Амџад Коса не бил присутен во канцеларијата во градот Тунаса за време на денешната експлозија. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но полицијата се сомнева во пакистанските Талибанци. Коса го осуди нападот велејќи дека е акт на тероризам. „Мои блиски пријатели се меѓу загинатите и повредените“ изјави тој за државната пакистанска телевизија.

XS
SM
MD
LG