Достапни линкови

До утрината издадени 132 782 потврди за намера за азил


Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.055 странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија - 1.115, Авганистан – 618, Ирак - 175, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 132.782 странски државјани, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија - 94.413, потоа Авганистан - 20.235, Ирак - 8.669, Пакистан -3.274 Палестина - 1.296, Иран - 1.190, Сомалија - 757, Бангладеж - 744, Конго - 426, Нигерија - 233, Камерун - 204, Еритреја - 173, Етиопија - 144, Судан - 123, додека останатите се во помал број.

XS
SM
MD
LG