Достапни линкови

Зголемен приливот на бегалци во Грција


Меѓународната организација за миграциии (ИОМ) регистрирала зголемување на бројот на бегалците, кои пристигнале на грчките острови изминатата недела. Според податоците на Организацијата, во Грција дневно пристигнуваат по седум илјади лица наспроти 4.500 кон крајот на минатиот месец. Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутериш утре ќе го посети островот Лезбос, една од главните точки за влез преку море од Турција во Грција и ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина следните денови, изјави неговата портпаролка Мелиса Флеминг на прес-конференција во Женева. Таа додаде дека високиот комесар на ОН за бегалци го поздрави почетокот на програмата на ЕУ за прераспределба на бегалци со првите лица кои отпатуваа денеска од Италија и се надева дека раселувањето ќе почне наскоро и за бегалците во Грција.

XS
SM
MD
LG