Достапни линкови

Русија критикува одржување на самит на САД и коалицијата во ОН


Русија остро го критикуваше одржувањето на самитот на коалицијата предводена од САД, на кој треба да присуствуваат околу 100 лидери на маргините на Генесралното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин денеска изјави дека „иницијативата сриозно ги поткопува напорите на ОН.“ Тој рече дека „веруваат оти се треба да се случува на уреден начин, во рамките на ОН, без влечење на кебето и вршење на улогата на ОН.“ Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе претседава на собирот во ОН. Тој бара поддршка во борбата против групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG