Достапни линкови

Околу 60 загинати во судири меѓу турските сили и ПКК


Во судири меѓу турските сили и курдските бунтувници загинале околу 60 луѓе на југоистокот на земјата, преку границата со Ирак. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека најмалку 30 курски бунтовници се убиени во текот на ноќта во прекугранична воена операција во северен Ирак. Вчера бунтовниците на Курдската работнича партија ПКК исто така потврдија дека вчера убиле двајца турски полицајци во градот Адана. Турската војска тврди дека на 25 септември во воздушни напади биле убиени 19 милитанти.

XS
SM
MD
LG