Достапни линкови

Свилановиќ: Западен Балкан не е подготвен за бегалската криза


Горан Свилановиќ

Горан Свилановиќ

„Земјите од Западен Балкан во овој момент не се подготвени да се соочат со бегалската криза, а ниту државите од ЕУ не можат да ги примат сите, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, преговорите за квоти во Европската унија, исто така не го решава проблемот. „Тоа е мој впечаток, доколку нешто значително не се промени на подобро. Тоа конкретно значи да запре војната во Сирија и да им се обезбеди на луѓето да се вратат во своите домови. Тоа не е на повидок во следните година или две“, изјави Свилановиќ, наведувајќи дека бројот на бегалци во наредната година би можело да достигне седум милиони.

XS
SM
MD
LG