Достапни линкови

Папата Франциск ги повика сите парохии да згрижат бегалци


Папата Франциск ја повика секоја европска парохија и верска заедница да згрижат по едно бегалско семејство како знак на солидарност.

„Апелирам до парохиите, верските заедници, манастирите и светилиштата во цела Европа да... земат по едно семејство бегалци“, рече Папата во неговото редовно неделно обраќање во Ватикан, што предизвика аплауз од присутните на плоштадот Свети Петар.

Тој повика на конкретни чекори во пресрет на јубилејната „Година на милоста“ што почнува во декември. Папата Франциск рече дека двете парохии во Ватикан ќе вдомат по едно бегалско семејство во наредните денови.

Десетици илјади бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и други земји побараа засолниште во Европа во изминатите месеци.

XS
SM
MD
LG