Достапни линкови

Светот пред нова коалиција против екстремизмот


Светот пред нова коалиција против екстремизмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Светот пред нова коалиција против екстремизмот

Рускиот претседател Владимир Путин повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот. Притоа, тој наведе дека за таа иницијатива веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама. Според најавите, оваа тема ќе доминира и на наредните состаноци на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Ние навистина сакаме да креираме еден вид меѓународна коалиција која ќе се бори против тероризмот и екстремизмот. За да се оствари тоа ние веќе одржавме консултации со нашите американски партнери. А јас лично за тоа зборував со претседателот Барак Обама.“

Ова го изјави Владимир Путин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток, додавајќи дека тој исто така за оваа инцијатива разговарал и со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и други.

Во исто време, рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин најави дека Советот за безбедност во текот на овој месец, односно за време на руското претседателство на Советот ќе одржи шест состаноци посветени на меѓународниот мир и безбедност, со посебен акцент врз решавањето на конфликтите на Блискиот Исток и во Северна Африка.

Ние навистина сакаме да креираме еден вид меѓународна коалиција која ќе се бори против тероризмот и екстремизмот. За да се оствари тоа ние веќе одржавме консултации со нашите американски партнери. А јас лично за тоа зборував со претседателот Барак Обама.
Владимир Путин, претседател на Русија.

Зборувајќи за коалицијата предводена од Соединетите Држави, која врши воздушни напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Сирија, амбасадорот Чуркин оцени дека станува збор за мисија која не е одобрена од Советот за безбедност и нема дозвола од сириската влада.

„Нема да и се придружиме на коалицијата која дејствува без одлука на Советот за безбедност. Таа не може ни да ги утврди нејзините приоритети. Според нас, сега приоритет се милитантите на Исламската држава“, рече Чуркин.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека ги следи извештаите оти Русија спроведувала воени операции во Сирија.

„Запознаени сме со извештаите дека Русија распоредувала воен персонал и летала во Сирија“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернст, наведувајќи дека секоја воена поддршка на режимот на претседателот Башар ал Асад би можело да биде дестабилизирачка и контра продуктивна.

На социјалните мрежи деновиве се појавија снимки на кои се гледаат руски авиони и дронови во близина на сириската провинција Идлиб.

Има и извештаи дека Русија веќе извршила напади врз милитантите на Исламската држава кои претходно ги нападнале силите лојални на претседателот Асад.

И Белата куќа и Пентагон одбиваат да кажат дали имаат разузнавачки податоци кои сугерираат дека ваквите извештаи биле точни.

„На Русите е да објаснат што точно прават во Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

Соединетите Држави и сојузниците се за отстранување од власт на претседателот Башар ал Асад и отфрлаат секаков обид за негова поддршка.

Од друга страна пак, Белата куќа соопшти дека ќе поздрави секаква руска вклученост во меѓународната коалиција која се бори против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG