Достапни линкови

Партиите станаа Биро за вработување, наместо таа активност да биде обврска и должност на институциите, а од сето тоа партиите си влечат бенeфит, велат аналитичарите.

Се вработуваат војници, полицајци, пожарникари, административци по министерства и во други државни институции и покрај сите критиките дека администрацијата е преоптоварена и пораките во извештаите и договорите дека партијата треба да се одвои од државата. Овие луѓе ќе се користат како гласачко тело на претстојните избори велат познавачите на приликите. Аналитичарите додаваат дека партиите станале Биро за вработување, наместо таа активност да биде обврска и должност на институциите, а од сето тоа партиите си влечат бенeфит.

Верувам дека крајната цел и основната цел на тоа е тие луѓе да се вработат со цел да се зголеми бројот на граѓаните коишто ќе бидат гласачко тело во функција на актуелната власт, на добивањето на изборите од страна на актуелната власт.

Експертот за јавна и државна администрација, професор Темелко Ристовски, вели дека власта со години спроведува една популистичка политика да им се приближи на граѓаните и со тоа да си обезбеди сигурно гласачко тело.

„Верувам дека крајната цел и основната цел на тоа е тие луѓе да се вработат со цел да се зголеми бројот на граѓаните коишто ќе бидат гласачко тело во функција на актуелната власт, на добивањето на изборите од страна на актуелната власт.“

Нив ги уценуваат со работата и тоа не само тие да гласаат, туку да прават и свои екипи и по овој терк функционира оваа власт и ќе функционира се додека и се може.

Професор Алјадин Демири вели дека новите вработувања што се случуваат летово и според него, ќе се случуваат се до изборите, го покажуваат трендот кој владејачките партии го довеле до усовршување, односно вработувањето во институциите го прикажуваат како партиска активност.

„Тоа е начин за манипулација на изборите затоа што овие вработени луѓе стануваат инструмент на власта, нив ги уценуваат со работата и тоа не само тие да гласаат, туку да прават и свои екипи и по овој терк функционира оваа власт и ќе функционира се додека и се може“, вели Демири. Тој вели дека преоптовареноста на администрацијата води кој колапс посочувајќи го примерот со Србија, каде властите отпуштаа административци и кратеа плати.

Министерството за одбрана соопшти дека се вработени 125 професионални војници во специјалните единици и другите родови во Армијата и дека наскоро ќе биде распишан оглас за уште толку. Од овој месец на работа тргнаа и триесет нови пожарникари вработени преку огласот на Град Скопје. Претходно МВР имаше огласот МВР за вработување на 652 извршители. Јавно се врачуваа решенија за вработување на волонтери со важност од идната 2016 година. Сите овие вработувања го оптоваруваат буџетот, велат аналитичарите, и додаваат дека Владата мора да се задолжува за да го покрие тоа.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG