Достапни линкови

„Пржино“ може да почека - кампањата за избори не може!


Изборите се за девет месеци, а партиите се веќе во лов на гласови. Власта вработува, ветува, укинува непопуларни закони. Опозицијата почна со посета на селата и градовите.

Огласи за вработувања во администрација, укинување на Законот за хонорарците како и заострената реторика укажува на почеток на предизборна кампања, велат аналитичарите.

Таа е во спротивност со целиот концепт на договарањето, кое го правеа во Пржино 1, Пржино 2, Имено целата тенденција на тој договор е да не се користат владините ресурси во предизборната кампања.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Јавно врачување на решенија за вработување на волонтери со важност од идната 2016 година, прес конференции за тоа колку нови вработувања се реализирани, но и за совети насочени кон лекарите и пациентите за меѓусебно почитување, сечење ленти и изјави за дела и успеси на ВМРО-ДПМНЕ, се дел од активностите на владините функционери во изминатава недела. Во меѓувреме високи партиски функционери на опозициската СДСМ ја започнаа турнејата по македонските села каде што се среќаваат со жителите.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека независно од коментарите на партиите, во јавноста се чувствува дека е почната предизборната кампања.

„Таа е во спротивност со целиот концепт на договарањето, кое го правеа во Пржино 1, Пржино 2, Имено целата тенденција на тој договор е да не се користат владините ресурси во предизборната кампања. Јас разбирам дека владејачките партии секогаш имаат потреба да укажат на нивната подобра страна во однос на конкуренцијата, но ако темпото биде исто како во минатите изборни циклуси, тогаш целата смисла на договарањето со меѓународните партнери се губи.“

А во поглед на тоа што и неофицијално почнуваат и СДСМ да ја водат својата кампања, се гледа единствената цел дека ние имаме само две мнозински партии во поглед на политичкото небо, кои немаат желба да ги исполнат интересите на гласачкото тело, туку само да влезат во политички ринг и кој попрво ќе удри со аперкат и кроше тој да дојде на власт или да ја задржи власта.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Политиколог Соња Стојадиновиќ вели дека Македонија е веќе 9 години во постојана изборна кампања, пред се поради фактот на честото спроведување на избори.

„А во поглед на тоа што и неофицијално почнуваат и СДСМ да ја водат својата кампања, се гледа единствената цел дека ние имаме само две мнозински партии во поглед на политичкото небо, кои немаат желба да ги исполнат интересите на гласачкото тело, туку само да влезат во политички ринг и кој попрво ќе удри со аперкат и кроше тој да дојде на власт или да ја задржи власта.“

Дел од аналитичарите предупредуваат, дека ребалансот на буџетот не е социјално скроен туку предизборно. Неговата цел е да се купат што е можно повеќе гласови сред длабока политичка криза и во пресрет на изборите догодина, вели Стојадиновиќ.

„Да, купување на гласачи, но тоа нема да биде толку отворено и во облик на плаќање на гласовите, и со закани, туку ќе биде на многу поперфиден начин, бидејќи тие веќе многу одамна си ги истренираа, своите војници од министри и државни секретари, до чистачки, вратари и шофери така што така ќе си функционира и протокот на пари. “

Предлогот за ребалансот Владата го даде ден по потпишувањето на политичкиот договор и покрај тоа што во извештајот на Прибе и на ОБСЕ беше нотирано дека еден од проблемите во земјава е мешањето на партијата со државата и користењето на администрацијата за партиски цели. По објавувањето на политичкиот договор за предвремени избори идната година, деновиве Собранието усвои и закон за намалување на казните на фирмите како исполнување на предизборен ветување иако во 2013 година самите тие ги донесоа ваквите казни. Истото се случи и со законот за хонорарците, кој создаде големо незадоволство што при донесувањето беше игнорирано од владејачките структури.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG