Достапни линкови

logo-print

Северна и Јужна Кореа ги смируваат тензиите


Јужна и Северна Кореа се договорија да ги намалат тензиите по серијата гранични инциденти. Според договорот постигнат вчера по дводневни разговори, Пјонгјанг изразува жалење за ранувањето на двајца јужнокорејски војници кои наишле на минско поле. Во заедничката изјава Сеул се согласува да го прекине емитувањето на пропагандната програма со големи звучници во Северна Кореа. Двете земји технички се во војна во изминативе 65 години, бидејќи војната на тој полуостров заврши без да биде потпишан мир.

XS
SM
MD
LG