Достапни линкови

Груевски: Кризна состојба за регулирање на влезот на мигрантите


Привремените регулациски мерки на Владата кон мигрантите се во насока на обезбедување поефикасен транзит низ државата, изјави премиерот Никола Груевски со врска со владината одлука за прогласување кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти.

„Ние имавме една дискусија по прашањето за мигрантите кое е прашање за Европа, не само за Република Македонија. Македонија е транзитен коридор и исклучително важно е како ние ќе се справиме со овој предизвик. Кога го донесовме законот со којшто на мигрантите им дадовме одредени можности, тогаш имаше дневно 500 до 600 мигранти, а по оваа бројка порасна на 800-900, па на илјада, па на 2.000 просечно дневно и сега веќее над 2.500, а се очекува во наредниот период да расте и на три, на четири илјади итн, рече Груевски.

Според него, поминување и транзитирањето на мигрантите низ Македонија за нив создава брзбедносни проблеми и други проблеми од хуман карактер. Тој посочи на примерот дека еден воз којшто ќе се испрати собира 350 луѓе, а влегуваат 650 мигранти и тоа е непријатно и за самите нив, така што мора да се направи поконкретна регулација, рече Груевски.

„Оттука, донесовме одлука да се вклучи војската само во тој дел, значи се прогласи т.н. кризна состојба само во пограничниот дел каде што поминуваат мигрантите и каде што војската треба да и помогне на полицијата во делот на регулирањето на влезот, да нема неконтролирано влегување. Пред се, заради безбедноста и хуманиот пристап кон самите мигранти, но и безбедноста и проблемите што се создаваат кај локалното население и трето, капацитетите на државата да ги прифати и да им помогне на тие луѓе кои ги снашла голема несреќа во животот да мораат на ваков начин да се снаоѓаат, истакна премиерот Груевски.

XS
SM
MD
LG