Достапни линкови

Руската полиција уништи стотици тони шверцувани производи


Руската полиција соопшти дека уапсила шест луѓе за обвиненија за водење меѓународен круг за криумчарење, што донеле шверцувано сирење во Русија во вредност од две милијарди рубљи, односно 30 милиони долари. Полицијата во Санкт Петербург соопшти дека запленила 470 тони материјали кои биле користени за производство на сирењето, заедно со фалсификуваната опрема за етикетирање. Властите во 2014 година наметна забрана за увоз на сирење и други производи од западните земји, како одговор на наметнатите санкции од страна на САД и Европската унија кон Русија, поради нејзината улога во украинскиот конфликт. Телевизиските слики кои покажуваат како руските власти го уништуваат сирењето, предизвика лутина кај некои руски граѓани, кои страдаат од економски проблеми предизвикани од меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG