Достапни линкови

Професорката по македонски јазик Слаѓана Јанчевска во Турција го учи македонското малцинство да не го заборави мајчиниот јазик. За три години 3.500 луѓе научиле македонски јазик.

Македонската професорка во Турција, Слаѓана Јанчева за три години научила над 3.500 лица да зборуваат македонски јазик. Тоа се претежно потомци на Македонци кои се иселиле во Турција во минатиот век. Јанчевска која е професорка по македонски јазик од Скопје во Турција замина пред три години по иницијативата на државата, да им се овозможи на македонското малцинство таму да не го заборави мајчиниот јазик.

Интересот е огромен. За овие три години колку што одржувам часови поминале 3.500 Македонци кои сакаат да го научат јазикот. Тие го зборуваат. Бидејќи интересот е многу голем, јас не можам секојдневно да се сретнувам со сите ученици, туку еднаш неделно, тоа е како курс. Нив најмногу ги интересира кирилицата, да можат да прочитаат, да разберат и на тој начин да бидат поблиску до родниот крај.

„Интересот е огромен. За овие три години колку што одржувам часови поминале 3.500 Македонци кои сакаат да го научат јазикот. Тие го зборуваат. Бидејќи интересот е многу голем, јас не можам секојдневно да се сретнувам со сите ученици, туку еднаш неделно, тоа е како курс. Нив најмногу ги интересира кирилицата, да можат да прочитаат, да разберат и на тој начин да бидат поблиску до родниот крај“, вели Јанчева.

Настава одржува во повеќе населби во крајот на Имир. Дневно патува со автобус по 35 до 250 километри во еден правец. Има ученици од Чили, Селчук, Јеникент , Ајдин, Маниса и други население места.

„Меѓу жителите има многумина кои ќе ви речат „ние по род сме Македонци.“ Само во Измир има многу кои потекнуваат од нашиот крај. Според некои проценки преку милион жители има во Измир кои се чувствуваат како Македонци“, додава професорката.

Иако со години живеат во Турција, сепак кај повеќето не згаснала тагата по родниот крај и желбата да се вратат назад. Една од нишките кои ги поврзува со родниот крај е македонската песна, а некои од нив пишуваат поезија и изработуваат други творби за кои мотивот им е родната грутка.

„Васка Илиева, Бадев, Александар Сариевски, нивните песни и денес се уште се пеат на свадби, на средби. Од мое лично искуство можам да кажам дека сите луѓе кои живеат во Турција, а се заминати од овде се големи патриоти. Меѓу нив има и еден патриот кој во песната вели „мајко Македонијо, отвори ги вратите да се вратиме назад, земи не во твоите прегратки, нека разбере цел свет дека во Турција има Македонци“, ракажува Јанчева.

Благодарни за знаењето, Македонците од Измир нејзиното име му го дале на голема шума во која често навраќаат и ги потсетува на родниот крај.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG