Достапни линкови

Авганистан: Бомбаш самоубиец уби 22 полицајци



Авганистанската полиција соопшти дека најмалку 22 лица се убиени во северната провинција Кундуз кога Талибански бомбаш-самоубиец пристигнал со возило натоварено со експлозив до една група на полицајци, кога го активирал експлозивот. Полицијата соопшти дека нападот се случил во областа Кханабад на собирот на полицијата.Повеќето од убиените се мисли дека се провладини полицајци кои се бореле претходно во офанзива против Талибанците и екстремистите од Централна Азија кои се заколнаа на верност на милитантите од Исламската држава. Нападот се случи еден ден по бранот бомбашки напади во Кабул во кои загинаа најмалку 51 лице - меѓу кои 15 цивили и 27 авганистански полициски регрути.

XS
SM
MD
LG