Достапни линкови

logo-print

ИД одговорна за нападот во Саудиска Арабија


Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за денешниот самоубиствен напад на џамија, што ја користеа пропадници на безбедносните сили, шри што загинаа најмалку 15 лица во југозападна Саудиска Арабија. Соопштението групата го шири низ социјалните мрежи велејќи дека бомбашот се инфилтрирал во „воен камп“ на саудиските специјални сили во провинцијата Асир, во близина на границата со Јемен. Не беше прецизирано дали нападот бил насочен кон џамијата. Нападот беше најсмртоносен од страна на ИД во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG