Достапни линкови

Туркменистанскиот претседател го посети Киргистан


Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов вети дека изградбата на железничката линија од Тудкменистан до Кина ќе оди напред. Бердимухамедов денес на неговата прва посета на Киргистан, по разговорите со неговиот колега Алмазбек Атамбаев, рече дека дискутирале за енергетски и безбедносни прашања кои „имаат големо значење за целиот свет.“ „Изградба на гасовод од Туркменистан до Кина преку Узбекистан, Таџикистан и Киргистан, ќе биде имплементирана во многу билска иднина“, рече Бердимухамедов. Атамбаев рече дека дводневната посета на Бердимухамедов во Бишкек „е нова фаза во развојот на односите на двете земји.“ Двајцата лидери потпишаа 15 документи за меѓусебна соработка во образованието, енергијата, транспортот, науката и технологијата.

XS
SM
MD
LG