Достапни линкови

Приштина да го преиспита одбивањето на Специјалниот суд


Косовската Влада побара од Парламентот во Приштина да го преиспита своето одбивање на ад хок судот, кој треба да им суди на етнички Албанци кој биле поранешни герилски борци, за наводни воени злосторства вклучително и трговија со органи. Соединетите држави и Евопската унија кои се главните дипломатски и финансиски поддржувачи на Косово, силно лобираа Приштина да одговори на обвинувањата за воени злосторства и беа разочарани поради одбивањето на судот во јуни од страна на косовоскиот Парламент. Голем дел од актуелната политичка елита на Косово беше дел од сега распуштената Ослободителна војска на Косово (ОВК), која се бореше за независност од Србија во текот на 90-тите. Поранешните борци на Косово со години се соочуваат со наводите дека отстранувале органи од заробените етнички Срби, кои потоа биле убивани, а нивните органи продавани на црниот пазар. Многу етнички албанци на Косово ги гледаат ваквите обвинувања како обиди да се наштети на угледот на ОВК, кои се бореле во герилската војна во 1998 и 1999 година против српската репресивна власт.

XS
SM
MD
LG