Достапни линкови

Наместо со трамвај, возење на панорамско тркало


Проектот за подземна сообраќајница засега е во мирување, но Градот не се откажува од тоа. За трамвајот се уште се прават анализи. Но, Град Скопје гради проекти од „Скопје 2014“.

Проектите за изградба на трамвајски систем и подземна сообраќајница беа клучните адути на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на последните локални избори. Но и по речиси две години од изборите проектите се уште не се ни близу до старт на реализацијата.

Од Град Скопје велат дека не се откажуваат од идејата за изградбата на подземна сообраќајница, која треба да го поврзе булеварот Илинден со крстосницата кај Народна Банка.

Од Град Скопје велат дека не се откажуваат од идејата за изградбата на подземна сообраќајница, која треба да го поврзе булеварот Илинден со крстосницата кај Народна Банка. Од таму објаснуваат дека проектот засега е ставен во мирување бидејќи на двата јавни повика пристигнале понуди кои биле, како што велат, значително поскапи од предвиденото.

Градската администрација тврди дека и покрај ваквата состојба во развојниот буџет на градот се предвидени пари за овој проект во наредните неколку години, а во меѓувреме се разработуваат идејни решенија за проширување на скопската инфраструктура.

Трамвај или метро или било од кои тие логично поставени сообраќајници би било нешто што значи приоритет. Во стратегиите за развојот на Скопје, таквото нешто е посочено, но за жал на такво нешто не е фокусирано ни финансиската конструкција за развојот на градот, ни генералните или како ги викаме ние стратешки урбани политики.

Кога станува збор за трамвајот, досега пропаднаа два обида за изнаоѓање на странски инвеститор кој ќе заедно со градот и Владата ќе го изгради како што го нарекуваат „лесниот шински превоз“. Од Градот велат дека поради неуспешните тендери, сега се прават анализи по кои ќе одлучува што понатаму да се преземе.

Според Програмата за Развој 2015-2017 година, годинава за изградба на трамвај и инвестиции во јавниот градски превоз се планирани 1.382.113 евра, следната 2016-та година планираната сума е зголемена на 2.796.747 евра, а најмногу пари за трамвајот е планирано да се одвојат во 2017-та година над 13,2 милиони евра. Вредноста за целиот период на договорот за лесен шински превоз односно трамвајски систем беше проценета на 243 милиони евра.

Во меѓувреме од градската каса се излеаја 66 милиони евра за изградба на објекти од проектот Скопје 2014. Според истражувањето на БИРН, наречено „Скопје 2014 под лупа“, градот платил 28 милиони евра за две катни гаражи кои се уште се речиси празни, а за фасади во барокен стил одвоил 7,5 милиони евра.

Градските пари се трошат и за фонтани, уредување на плоштадите „ВМРО“ и „Карпошово востание“, мостови, градски плажи, Панорамско тркало, и одржување на објектите од Скопје 2014.

Поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти Даница Павловска вели дека лошо се менаџира Градот Скопје.

„Ако во принцип добивате слика дека и по 10 или 20 години, како што велите, имате катни гаражи наместо подземна сообраќајница, ако во принцип нешто што е договорено и испитано, како еве шинско возило, односно трамвај не се остварува за мене банални причини, неуспешен тендер. Па зар за толку години не можевме да направиме една таква силна сообраќајница низ која ќе функционира полесно градот?“

Павловска објаснува дека определбата на градот да не ги шири границите, одамна не се почитува и тие условно кажано, попукаа со што се создадоа бесправно изградени сателитски населби и како таков градот преставува вистински предизвик за разрешување на инфрастуктурни проблеми.

Таа вели дека задоволувањето на реалните потреби на граѓаните за поквалитетно живеење честопати се запоставувани. На пример, поставеноста на градот на надолжна линија го прави податлив за создавање на брзи сообраќајници со мали коридори.

„Трамвај или метро или било од кои тие логично поставени сообраќајници би било нешто што значи приоритет. Во стратегиите за развојот на Скопје, таквото нешто е посочено, но за жал на такво нешто не е фокусирано ни финансиската конструкција за развојот на градот, ни генералните или како ги викаме ние стратешки урбани политики.“

Дополнително внимание за подобрување на квалитетот на живото во градот треба да се посвети и на трендот на намалување на зелените површини. Павловска потенцира дека до неодамна во генералниот урбанистички план биле предвидени 15 квадрати зеленило по жител, во новиот ГУП таа бројка е намалена на 6, иако реалната состојба е драстично помала од таа пропишаната на хартија.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG