Достапни линкови

Проевропските партии во Молдавија формираа коалиција


Три проевропски партии во Молдавија се согласија да формираат владејачка коалиција за да помогнат во евроинтеграциите на земјата. Демократската партија, Либерално-демократската партија и Либералната партија на Молдавија денеска соопштија дека постигнале договор. За лидерот на Либералната партија договорот е добар знак за Молдавија и за европските партнери. Партиите денеска треба да дискутираат за поделба на местата во владиниот кабинет и за други политички прашања. Премиерот на Молдавија Кирил Габуричи си поднесе оставка во јуни по истрагата за автентичноста на неговата факултетска диплома.

XS
SM
MD
LG